1. На хоров началник, со дувачки свирки. Давидов псалм. О Господи, послушај ги моите зборови, земи ги во обѕир моите размислувања.
2. Чуј го гласот на моето викање, Царе мој и Боже мој, зашто Тебе Ти се молам!
3. Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.
4. Зашто Ти си Бог, Кому не Му е мило беззаконието; нечесниот нема да живее при Тебе;
5. ниту гордите ќе се одржат пред Твоите очи, Ти ги мразиш сите што прават беззаконие.
6. Ќе ги истребиш оние, кои зборуваат лага; Господ се гнаси од човек крвопиец и измамник.
7. А јас ќе влезам во Твојот дом, по Твојата голема милост; ќе се поклонам пред Твојот свет Храм, полн со почитување кон Тебе.