Стар Завет

Нов Завет

Псалми 47:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. За Кореевите синови. Псалм. Ракоплескајте сите народи, воскликнувајте Му на Бога со радосен глас.

2. Зашто тоа е Господ - Сèвишен, страшен, Велик Цар на целата земја.

3. Народите ни ги покори, ги стави народите под наши нозе,

4. ни го избра наследството - славата на Јакова, кого го возљуби.

5. Бог влегува, со воскликнување, Господ - со трубни звуци.

6. Пејте Му на Бога, пејте Му, пејте Му на нашиот Цар, пејте Му!

7. Зашто Тој е Цар на целата земја, пејте Му на Бога песни фалбени!

8. Бог царува над народите, Бог седи на Својот свет престол.

9. Народните првенци се прибраа како народот на Авраамовиот Бог. Божји се сите властодржци на земјата, Тој е возвишен над сите нив.

Прочитајте целосна глава Псалми 47