Стар Завет

Нов Завет

Псалми 44:19-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. кога нè раздроби во престојувалиштето на шакалите и нè завитка со смртен мрак.

20. Ако го заборавиме името на нашиот Бог, ако ги кренавме рацете кон туѓ бог,

21. зар Бог не би научил за тоа? Зашто Тој ги знае тајните на срцето!

22. Но заради Тебе нè убиваат ден по ден, и ние сме им како овци за колење.

23. Разбуди се! Зошто спиеш Господи? Стани! Не отфрлај нè довека!

24. Зошто го криеш Своето лице, ги забораваш нашата беда и неволја?

25. Зашто нашата душа се распадна во прав, утробата ни се долепи до земјата.

26. Стани, помогни ни, избави нè заради Твојата љубов.

Прочитајте целосна глава Псалми 44