Стар Завет

Нов Завет

Псалми 43:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Боже! Суди ме право, и заштити го моето дело против нечесен народ. Избави ме од лукав и неправеден човек!

2. Зашто, Ти си Боже, моја крепост; зошто ме отфрлаш? Зошто одам натажен, притиснат од непријателите?

3. Испрати ги Својата светлина и вистина: нека ме водат нека ме одведат во Твојата Света Гора, во Твоите живеалишта.

4. Тогаш ќе му пристапам на Божјиот жртвеник, при Бога - моја величествена радост. Со псалтир ќе Те славам, Боже, О Боже мој!

5. Зошто си истоштена душо моја, и зошто липаш во мене? Надевај се на Бога, зашто пак ќе Го славам: мојот Спасител, својот Бог!

Прочитајте целосна глава Псалми 43