Стар Завет

Нов Завет

Псалми 42:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Бездната повикува бездна со шумот на Твоите водопади; сите Твои води и бранови поминаа преку мене.

8. Дење, нека ми ја додели Господ Својата милост, а ноќе, ќе Го фалам, со молитвена песна, Бога на мојот живот.

9. Ќе му речам на Бога: „Стено моја, зошто ме забораваш? зошто обиколувам нажален, притиснат од непријателите?”

10. Коските ми се кршат од подигравката на непријателите, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е твојот Бог?”

Прочитајте целосна глава Псалми 42