Стар Завет

Нов Завет

Псалми 42:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Зошто си ми, душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога, зашто пак ќе Го славам моето спасение, мојот Бог!

6. Душата тагува во мене, затоа си спомнувам за Тебе, од земјата Јордан и Ермон, од гората Мисар.

7. Бездната повикува бездна со шумот на Твоите водопади; сите Твои води и бранови поминаа преку мене.

8. Дење, нека ми ја додели Господ Својата милост, а ноќе, ќе Го фалам, со молитвена песна, Бога на мојот живот.

9. Ќе му речам на Бога: „Стено моја, зошто ме забораваш? зошто обиколувам нажален, притиснат од непријателите?”

10. Коските ми се кршат од подигравката на непријателите, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е твојот Бог?”

11. Зошто си ми душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога зашто пак ќе го славам мојот Спасител, мојот Бог!

Прочитајте целосна глава Псалми 42