Стар Завет

Нов Завет

Псалми 42:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. Учење за Кореевите синови. Како што кошутата жеднее за изворните води, така мојата душа копнее по Тебе, Господи.

2. Жедна е мојата душа за Бога, за живиот Бог: О кога ќе дојдам и кога ќе го гледам Божјото лице?

3. Солзите ми се храна дење и ноќе, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е Твојот Бог?”

4. Мојата душа се излева кога си спомнувам: како чекорев во мноштвото, предводувајќи ги кон Божјиот дом, со глас на радост и песни во свечена врвулица.

5. Зошто си ми, душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога, зашто пак ќе Го славам моето спасение, мојот Бог!

6. Душата тагува во мене, затоа си спомнувам за Тебе, од земјата Јордан и Ермон, од гората Мисар.

7. Бездната повикува бездна со шумот на Твоите водопади; сите Твои води и бранови поминаа преку мене.

8. Дење, нека ми ја додели Господ Својата милост, а ноќе, ќе Го фалам, со молитвена песна, Бога на мојот живот.

Прочитајте целосна глава Псалми 42