Стар Завет

Нов Завет

Псалми 41:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм. Блазе му на оној кој мисли на бедниот, Господ ќе го спаси во ден на неволја!

2. Господ ќе го штити и ќе го запази жив, ќе му даде среќа на земјата, и нема да го предаде на волјата на непријателите.

3. Господ ќе го поткрепи на леглото при болест, болеста ќе му ја сврти во сила.

4. Јас реков: „Господи, смилувај ми се, исцели ми ја душата, зашто згрешив!”

5. Непријателите зборуваат зло за мене: „Кога ќе умре и кога ќе му го снема името?”

6. И ако дојде некој да ме посети, зборува со ласкање, собира злоба во своето срце, а надвор клевети.

7. Сите што ме мразат, шептат заедно за мене, измислуваат зло против мене:

8. „Лоша болест го кутна,” или: „Кога еднаш ќе легне, нема да стане.”

9. А и мојот пријател, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена петицата против мене.

10. Но Ти, Господи, смили ми се и крени ме, за да можам да им вратам.

11. По тоа ќе знам дека сум ти мил: бидејќи мојот непријател не ќе се весели над мене.

12. А мене ќе ме запазиш во мојата чесност, и ќе ме ставиш пред Твоето лице довека.

13. Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, од века до век! Така нека биде! Амин!

Прочитајте целосна глава Псалми 41