Стар Завет

Нов Завет

Псалми 40:7-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Тогаш реков: „Еве, доаѓам! Во книжниот свиток пишува за мене;

8. мило ми е, Господи, да ја исполнувам Твојата волја, јас го носам Твојот закон длабоко во срцето.”

9. Ќе ја проповедам Твојата правда во големо собрание; и нема да ги затворам моите усни; о Господи, сè Ти е познато.

10. Нема да ја кријам Твојата правда во срцето, ќе раскажувам за Твојата верност и за Твоето спасение. Нема да ги тајам ни Твојата добрина, ни Твојата вистина во големото собрание.

11. А Ти, о Господи, не ми ја скратувај Твојата добрина; Твојата милост и Твојата вистина нека ме чуваат секогаш.

12. Зашто ме опкружија безбројни зла, моите беззаконија ме стигнаа, така што не можам да гледам; ги има повеќе од влакната на мојата глава, и затоа моето срце се онемошти.

13. Господи, благоволи да ме избавиш; Господи, побрзај да ми помогнеш!

14. Нека се засрамат и нека се збунат сите, што ја бараат гибелта на мојата душа. Нека се повлечат и нека се посрамат, оние, кои се радуваат на мојата несреќа!

15. Нека се скаменат во својот срам, оние, кои ми велат: „ха, ха!”

16. Нека се радуваат и нека се веселат во Тебе, сите, кои Те бараат! Нека зборуваат секогаш: „Господ е величествен!” Сите, кои го љубат Твоето спасение.

17. Јас сум беден и ништожен, но Господ се грижи за мене. Ти си моја помош и мој спасител; о Боже мој, не задоцнувај!

Прочитајте целосна глава Псалми 40