Стар Завет

Нов Завет

Псалми 40:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм. Јас се надевав цврсто во Господа, и Тој се наведна кон мене и го послуша мојот повик.

2. И ме извлече од јамата на гибелта, од тињата и калта; ги стави моите нозе врз карпа, ги закрепи моите чекори.

3. Во мојата уста стави нова песна, фалба на нашиот Бог. Мнозина ќе видат и ќе се исплашат: и ќе се надеваат на Господа.

4. Блажен е оној човек, чија надеж е во Господа, и не е склон кон горделивите, ниту кон оние што отстапуваат лажно.

5. О Господи, Боже мој, Ти твориш многу чудеса и замисли чудни - Ти нема рамен! Сакам да ги кажувам и да ги објавувам, Но премногу се за да можат да бидат преброени.

6. Не Ти се мили ни жртвите ни приносите, туку ми ги отвори ушите; не бараш паленица ни покајнички принос.

7. Тогаш реков: „Еве, доаѓам! Во книжниот свиток пишува за мене;

Прочитајте целосна глава Псалми 40