Стар Завет

Нов Завет

Псалми 4:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога викам послушај ме, Боже на мојата правда, Ти што ме избави од тесно: смилувај ми се и послушај ја мојата молитва!

2. Човечки синови, до кога ќе ја обрнувате Мојата Слава во срам? До кога ќе ја љубите суетата и ќе ги барате лагите?

3. Но знајте: Господ го одделил за себе Својот пријател; Господ слуша кога викам кон Него.

4. Треперете и не грешете; размислувајте во срцата, на вашите легла, и молкнете.

5. Принесете жртви на правда и надевајте се на Господа!

6. Мнозина зборуваат: „Кој ќе ни покаже што е добро?” Господи, осветли нè со светлината на Твоето лице!

7. Ми даде радост во моето срце поголема од нивната, кога им се раѓа изобилно жито и вино.

8. Спокојно ќе легнам, и ќе заспијам зашто само Ти, Господи, ми даваш да живеам во безбедност.

Прочитајте целосна глава Псалми 4