Стар Завет

Нов Завет

Псалми 39:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи: Једутун. Давидов псалм. Одлучив: „Ќе го чувам мојот пат, за да не згрешам со јазикот; ќе ја зауздам мојата уста, додека е нечестивиот пред мене!”

2. Онемев, замолкнав, не пуштав глас дури и од доброто - болката ми стана погорчлива.

3. Срцето пламна во мене, при сама помисла избувнуваше оган; тогаш проговорив со мојот јазик!

4. Кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите денови, за да знам колку сум ништожен.

5. Ете, со педа ми ги измери деновите, и векот мој е како ништо пред Тебе; вистина, секој човек што стои цврсто е суета.

6. Човекот поминува како сенка, суета е сето негово богатство, збира, а не знае кој ќе го земе!

7. А сега, на што да се надевам, Господи? Мојата надеж е во Тебе!

8. Избави ме од сите мои беззаконија, не оставај да му бидам за потсмев на безумниот!

9. Молчам и не ја отворам устата, зашто Ти направи така!

10. Отстрани го од мене Твојот бич, зашто издивнувам под тежината на Твојата рака.

11. Ти го поправаш човекот со казна, и сè што му е најмило го расипуваш како молец; навистина, секој човек е суетен.

12. Послушај ја, о Господи, мојата молитва, послушај ги моите повици, не премолчувај на моите солзи! Зашто сум придојденец кај Тебе, како сите мои татковци.

Прочитајте целосна глава Псалми 39