Стар Завет

Нов Завет

Псалми 37:27-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Отстранувај се од злото и прави добро и ќе останеш довека.

28. Зашто Господ ја љуби правдата и Своите свети не ги остава. Засекогаш ќе бидат сочувани, ќе биде истребено потомството на безбожниците.

29. Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа.

30. Праведниковата уста кажува мудрост, а неговиот јазик говори право.

31. Божјиот закон му е во срцето, неговите чекори не се колебаат.

32. Грешникот го демне праведникот и бара да го убие;

Прочитајте целосна глава Псалми 37