Стар Завет

Нов Завет

Псалми 37:24-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. И ако се сопне, нема да падне, зашто Господ го држи за рака.

25. Млад бев и остарев, но не видов напуштен праведник или неговите деца да просат леб.

26. Секогаш е милостив и дава на заем, благослов е врз неговото потомство.

27. Отстранувај се од злото и прави добро и ќе останеш довека.

28. Зашто Господ ја љуби правдата и Своите свети не ги остава. Засекогаш ќе бидат сочувани, ќе биде истребено потомството на безбожниците.

29. Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа.

30. Праведниковата уста кажува мудрост, а неговиот јазик говори право.

31. Божјиот закон му е во срцето, неговите чекори не се колебаат.

32. Грешникот го демне праведникот и бара да го убие;

33. но Господ нема да го остави во негова власт и не ќе допушти да го осудат на суд.

34. Надевај се на Господа и држи се за Неговиот пат; Тој ќе те возвиши и ќе ја наследиш земјата; радосно ќе ја гледаш пропаста на безбожните.

35. Видов бесен злосторник, како се шири како разгранчен кедар.

36. Поминав и ете - го нема веќе; го побарав, и не го најдов.

Прочитајте целосна глава Псалми 37