Стар Завет

Нов Завет

Псалми 37:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Се сушат брзо како трева, венеат брзо како зелено растение.

3. Надевај се на Господа и прави добро, живеј на земјата и храни се со вистината.

4. Сета твоја радост нека биде во Господа: Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце!

5. Предај Му ги на Господа своите патишта, надевај се на Него, и Тој ќе води сè.

6. Твојата правда ќе блесне како светлина и твојот суд како пладне.

7. Смири се пред Господа и надевај се на Него, не дразни се заради оној, кој напредува на својот пат, заради човекот кој кове подлост.

Прочитајте целосна глава Псалми 37