Стар Завет

Нов Завет

Псалми 35:8-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Гибелта ќе ги стигне одненадеж, и сами ќе се фатат во мрежата што ја оптегнаа; ќе паднат во јамата што ја ископаа!

9. А мојата душа ќе се весели во Господа, ќе се радува во Неговото спасение.

10. Сите мои коски ќе речат: „Господи кој е како Тебе, Кој го спасуваш бедникот од силникот, бедникот и сиромашниот од ограбувачот?”

11. Неправедни сведоци станаа: ме прашуваат за она што не знам.

12. Ми враќаат зло за добро, мојата душа запаѓа во осаменост.

13. А јас носев вреќиште, кога тие беа болни ја измачував својата душа со пост, и молитвата ми се враќаше во пазувата.

14. Обиколував тажен, како за пријател, за брат, од тага се наведнав, како оној што жали за мајката.

15. А сега кога се сопнав јас, тие се радуваат, се собраа против мене, за да удрат одненадеж, и непрекратно ме растргнуваат.

16. Со нечесните и потсмешливи безработници, чкртаат со забите на мене.

Прочитајте целосна глава Псалми 35