Стар Завет

Нов Завет

Псалми 34:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Дојдете, чеда, и послушајте ме, ќе ве научам на страв од Господа.

12. О, човеку! љубиш ли го животот? Сакаш ли многу денови, за да видиш добро?

13. Воздржувај го својот јазик од зло и своите усни од лажно зборување!

14. Отстранувај се од злото и прави добро, барај мир и врви по него!

15. Господовите очи ги гледаат праведните, Неговите уши го слушаат нивниот вик.

16. Господовото лице се свртува против злосторниците, за да им го сотре споменот на земјата.

17. Праведниците викаат, а Господ ги слуша, ги избавува од сите нивни беди.

18. Господ е близу до оние што се со скрушени срца, и ги спасува оние, што се со покајнички дух.

19. Праведникот има многу неволји, но Господ го избавува од сите.

20. Тој ги чува сите негови коски, ниту една од нив нема да му се скрши.

21. Злото ќе го убие безбожникот, ќе платат тие што го мразат праведникот.

22. Господ ја избавува душата на Своите слуги и ниеден, од оние што се надеваат на Него, нема да биде осуден.

Прочитајте целосна глава Псалми 34