Стар Завет

Нов Завет

Псалми 33:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Тој ги љуби правдата и правосудството, полна е земјата со Господовата милост.

6. Господовото Слово ги создаде небесата, и здивот на Неговата уста: целото нивно воинство.

7. Тој ја собира морската вода како во мев, и ги става бездните во сокровиште.

8. Нека се бои целата земја пред Господа, нека се бојат од Него сите жители на вселената!

9. Зашто Тој рече - и сè стана, нареди - и сè се утврди.

10. Господ ги осуетува намерите на народите, ги прави некорисни мислите на племињата,

11. Господовиот наум останува довека, и мислите на Неговото срце од род до род.

12. Блазе му на оној народ кому Господ е Бог, на народот што го избра за Свое наследство.

13. Господ набљудува од небесата и ги гледа сите човечки синови.

14. Од местото на Своето Живеалиште ги гледа сите жители на земјата;

15. Тој им ги создаде срцата на сите и внимава на сите нивни дела.

Прочитајте целосна глава Псалми 33