Стар Завет

Нов Завет

Псалми 33:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Запејте Му нова песна, со гласни извици придружувајте ги складните свирки.

4. Зашто Господовото Слово е право, и сите Негови дела се вистина.

5. Тој ги љуби правдата и правосудството, полна е земјата со Господовата милост.

6. Господовото Слово ги создаде небесата, и здивот на Неговата уста: целото нивно воинство.

7. Тој ја собира морската вода како во мев, и ги става бездните во сокровиште.

8. Нека се бои целата земја пред Господа, нека се бојат од Него сите жители на вселената!

9. Зашто Тој рече - и сè стана, нареди - и сè се утврди.

Прочитајте целосна глава Псалми 33