12. Блазе му на оној народ кому Господ е Бог, на народот што го избра за Свое наследство.
13. Господ набљудува од небесата и ги гледа сите човечки синови.
14. Од местото на Своето Живеалиште ги гледа сите жители на земјата;
15. Тој им ги создаде срцата на сите и внимава на сите нивни дела.
16. Многубројна војска не го спасува царот, голема сила не го спасува јунакот.
17. Празна е надежта за спасение на коњ, неговата јачина не избавува.
18. Ете, Господовото око е над оние кои се бојат од Него, над оние, кои се надеваат на Неговата милост:
19. дека ќе ја спаси нивната душа од смрт, и дека ќе ги храни во денови на глад.
20. Нашата душа се надева на Господа, Тој ни е помош и наш штит.
21. Наштето срце се радува во Него, ние се надеваме на Неговото свето име.
22. Нека Твојата милост, о Господи, биде над нас, според тоа како се надеваме на Тебе.