Стар Завет

Нов Завет

Псалми 31:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. и не ме предаде во рацете на непријателите, ги изведе моите нозе на широк пат.

9. Смили ми се, Господи, зашто сум на тесно, од тага ми слабеат окото, душата и телото.

10. Мојот живот се троши во горчила, а моите години во воздишки. Силата ми се исцрпи во мака, а моите коски изнемоштеа.

11. На сите свои противници им станав понижување, за потсмев на своите соседи и страшило за познатите; кои ме гледаа надвор, бегаа од мене.

12. Бев заборавен во срцето, како покојник, станав скршен сад.

Прочитајте целосна глава Псалми 31