Стар Завет

Нов Завет

Псалми 31:6-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ги мразам оние што ги почитуваат суетните идоли, а јас се надевам на Господа.

7. Ќе се радувам и ќе се веселам во Твојата милост; зашто Ти ја виде мојата неволја, ја позна тагата на мојата душа

8. и не ме предаде во рацете на непријателите, ги изведе моите нозе на широк пат.

9. Смили ми се, Господи, зашто сум на тесно, од тага ми слабеат окото, душата и телото.

10. Мојот живот се троши во горчила, а моите години во воздишки. Силата ми се исцрпи во мака, а моите коски изнемоштеа.

11. На сите свои противници им станав понижување, за потсмев на своите соседи и страшило за познатите; кои ме гледаа надвор, бегаа од мене.

12. Бев заборавен во срцето, како покојник, станав скршен сад.

13. Слушам шепотење на мнозина, ужас отсекаде: се договараат против мене и смислуваат како да ми го одземат животот.

14. А јас, Господи, на Тебе се надевам, велам: „Ти си мој Бог!”

15. Моите денови се во Твојата рака: избави ме од раката на моите непријатели и од оние кои ме гонат.

16. Нека светне Твоето лице на Твојот слуга, спаси ме со Твојата милост.

Прочитајте целосна глава Псалми 31