Стар Завет

Нов Завет

Псалми 31:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Извлечи ме од мрежата што ми ја поставија тајно, зашто Ти си моја крепост.

5. Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината.

6. Ги мразам оние што ги почитуваат суетните идоли, а јас се надевам на Господа.

7. Ќе се радувам и ќе се веселам во Твојата милост; зашто Ти ја виде мојата неволја, ја позна тагата на мојата душа

8. и не ме предаде во рацете на непријателите, ги изведе моите нозе на широк пат.

Прочитајте целосна глава Псалми 31