Стар Завет

Нов Завет

Псалми 31:4-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Извлечи ме од мрежата што ми ја поставија тајно, зашто Ти си моја крепост.

5. Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината.

6. Ги мразам оние што ги почитуваат суетните идоли, а јас се надевам на Господа.

7. Ќе се радувам и ќе се веселам во Твојата милост; зашто Ти ја виде мојата неволја, ја позна тагата на мојата душа

8. и не ме предаде во рацете на непријателите, ги изведе моите нозе на широк пат.

9. Смили ми се, Господи, зашто сум на тесно, од тага ми слабеат окото, душата и телото.

10. Мојот живот се троши во горчила, а моите години во воздишки. Силата ми се исцрпи во мака, а моите коски изнемоштеа.

11. На сите свои противници им станав понижување, за потсмев на своите соседи и страшило за познатите; кои ме гледаа надвор, бегаа од мене.

12. Бев заборавен во срцето, како покојник, станав скршен сад.

13. Слушам шепотење на мнозина, ужас отсекаде: се договараат против мене и смислуваат како да ми го одземат животот.

14. А јас, Господи, на Тебе се надевам, велам: „Ти си мој Бог!”

15. Моите денови се во Твојата рака: избави ме од раката на моите непријатели и од оние кои ме гонат.

16. Нека светне Твоето лице на Твојот слуга, спаси ме со Твојата милост.

17. Господи, да не се засрамам дека Те повикав; нека се засрамат нечесните; нека молкнат во Подземјето.

18. Нека онемат лажливите усни, што против праведникот зборуваат дрско, горделиво и презирно.

19. О колку е голема Твојата добрина, што ја чуваш за оние, кои се бојат од Тебе, што им ја укажуваш на оние, кои се надеваат на Тебе, пред очите на човечките чеда.

Прочитајте целосна глава Псалми 31