Стар Завет

Нов Завет

Псалми 31:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Благословен да е Господ, зашто ми ја јави својата чудесна милост, во утврдениот град.

22. Веќе помислував, во својата тревога: „Отфрлен сум од Твојот поглед.” Но Ти го чу гласот на мојата молба, кога Те повикав.

23. Љубете Го Господа сите Негови свети; Господ ги чува Своите верни, а според заслугата им враќа на оние, кои постапуваат гордо.

24. Бидете храбри и Тој ќе ви ги укрепи срцата, сите, кои се надевате на Господа!

Прочитајте целосна глава Псалми 31