Стар Завет

Нов Завет

Псалми 31:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Моите денови се во Твојата рака: избави ме од раката на моите непријатели и од оние кои ме гонат.

16. Нека светне Твоето лице на Твојот слуга, спаси ме со Твојата милост.

17. Господи, да не се засрамам дека Те повикав; нека се засрамат нечесните; нека молкнат во Подземјето.

18. Нека онемат лажливите усни, што против праведникот зборуваат дрско, горделиво и презирно.

19. О колку е голема Твојата добрина, што ја чуваш за оние, кои се бојат од Тебе, што им ја укажуваш на оние, кои се надеваат на Тебе, пред очите на човечките чеда.

Прочитајте целосна глава Псалми 31