Стар Завет

Нов Завет

Псалми 31:12-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Бев заборавен во срцето, како покојник, станав скршен сад.

13. Слушам шепотење на мнозина, ужас отсекаде: се договараат против мене и смислуваат како да ми го одземат животот.

14. А јас, Господи, на Тебе се надевам, велам: „Ти си мој Бог!”

15. Моите денови се во Твојата рака: избави ме од раката на моите непријатели и од оние кои ме гонат.

16. Нека светне Твоето лице на Твојот слуга, спаси ме со Твојата милост.

17. Господи, да не се засрамам дека Те повикав; нека се засрамат нечесните; нека молкнат во Подземјето.

18. Нека онемат лажливите усни, што против праведникот зборуваат дрско, горделиво и презирно.

19. О колку е голема Твојата добрина, што ја чуваш за оние, кои се бојат од Тебе, што им ја укажуваш на оние, кои се надеваат на Тебе, пред очите на човечките чеда.

20. Ги засолнуваш под штитот на Своето лице од човечките завери; ги криеш во Својот шатор од зајадливи јазици.

21. Благословен да е Господ, зашто ми ја јави својата чудесна милост, во утврдениот град.

Прочитајте целосна глава Псалми 31