Стар Завет

Нов Завет

Псалми 31:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. На сите свои противници им станав понижување, за потсмев на своите соседи и страшило за познатите; кои ме гледаа надвор, бегаа од мене.

12. Бев заборавен во срцето, како покојник, станав скршен сад.

13. Слушам шепотење на мнозина, ужас отсекаде: се договараат против мене и смислуваат како да ми го одземат животот.

14. А јас, Господи, на Тебе се надевам, велам: „Ти си мој Бог!”

15. Моите денови се во Твојата рака: избави ме од раката на моите непријатели и од оние кои ме гонат.

Прочитајте целосна глава Псалми 31