Стар Завет

Нов Завет

Псалми 31:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За првиот певец. Давидов псалм.(Во време на неволја) На Тебе се надевам, Господи, да не се засрамам никогаш: Избави ме според Својата правда!

2. Приклони го кон мене Своето уво, побрзај да ме ослободиш! Биди ми цврста карпа на заштитата, тврдина на спасението.

3. Зашто Ти си моја карпа, моја тврдина, заради Твоето име води ме и управувај ме.

4. Извлечи ме од мрежата што ми ја поставија тајно, зашто Ти си моја крепост.

5. Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината.

6. Ги мразам оние што ги почитуваат суетните идоли, а јас се надевам на Господа.

7. Ќе се радувам и ќе се веселам во Твојата милост; зашто Ти ја виде мојата неволја, ја позна тагата на мојата душа

8. и не ме предаде во рацете на непријателите, ги изведе моите нозе на широк пат.

9. Смили ми се, Господи, зашто сум на тесно, од тага ми слабеат окото, душата и телото.

10. Мојот живот се троши во горчила, а моите години во воздишки. Силата ми се исцрпи во мака, а моите коски изнемоштеа.

11. На сите свои противници им станав понижување, за потсмев на своите соседи и страшило за познатите; кои ме гледаа надвор, бегаа од мене.

12. Бев заборавен во срцето, како покојник, станав скршен сад.

13. Слушам шепотење на мнозина, ужас отсекаде: се договараат против мене и смислуваат како да ми го одземат животот.

Прочитајте целосна глава Псалми 31