Стар Завет

Нов Завет

Псалми 3:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господи! Колку многу се моите противници, колку многу се креваат против мене!

2. Мнозина се што зборуваат за мојата душа: „Нема за него спасение при Бога!”

3. Сепак, Господи, Ти си мој штит, моја слава, Ти ми ја воздигна главата.

4. Со глас извикав кон Господа и Тој ме послуша од Својата Света Гора.

5. Јас легнувам, спијам и се разбудувам, зашто Господ ме чува.

6. Не се плашам од десетици илјади луѓе, што се нафрлаат на мене од сите страни.

7. Стани, о Господи спаси ме, о мој Боже! Ти ги удираш по образи сите мои непријатели, им ги кршиш забите на нечесните.

8. Спасението е во Бога: Твојот благослов е над Твојот народ.

Прочитајте целосна глава Псалми 3