Стар Завет

Нов Завет

Псалми 29:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Господовиот глас е над водите, Бог на славата грми, Господ е над многу води!

4. Господовиот глас е силен, Господовиот глас е величествен.

5. Господовиот глас ги крши кедрите, Господ ги крши ливанските кедри.

6. И скокаат од Него: Ливан како теле, а Сирион како младо биволче!

7. Господовиот глас цепи пламени секавици,

8. Господовиот глас ја растресува пустината, Господ ја растресува пустината Кадис.

9. Господовиот глас прави кошутите да се осрнат, и ги разголува горите; и во храмот Негов секој вели: „Слава!”

10. Господ царува над водните бранови, Господ седи на престолот како Цар засекогаш!

11. Господ му дава сила на Својот народ, Господ го благословува Својот народ со мир.

Прочитајте целосна глава Псалми 29