1. Давидов псалм. (При завршување на Празник) Дајте Му на Господа, о Божји синови, дајте Му на Господа слава и сила!
2. Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име, поклонете Му се на Господа во светата убавина!
3. Господовиот глас е над водите, Бог на славата грми, Господ е над многу води!
4. Господовиот глас е силен, Господовиот глас е величествен.
5. Господовиот глас ги крши кедрите, Господ ги крши ливанските кедри.