Стар Завет

Нов Завет

Псалми 28:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Зашто тие не внимаваат на Господовите дејства, ниту на делата на Неговите раце: нека ги разурне и повеќе нема да ги изгради!

6. Благословен да е Господ, зашто го послуша гласот на моите молитви!

7. Господ ми е сила, Тој е мој штит; моето срце се надеваше на Него и Тој ми помогна; затоа ми се весели срцето и со песни ќе Го славам.

8. Господ е сила на Својот народ, тврдина на спасението за Својот помазаник.

9. Спаси го Својот народ и благослови го Своето наследство; паси ги и носи ги довека.

Прочитајте целосна глава Псалми 28