Стар Завет

Нов Завет

Псалми 28:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Кон Тебе викам Господи, Карпо моја, не замолкнувај кон мене: да не би ако замолкнеш, бидам како оние што влегуваат во гроб.

2. Послушај го мојот глас, кога викам кон Тебе, додека ми се кренати рацете кон Твоето Светилиште.

3. Не погубувај ме со нечесните и со оние што прават беззаконие, кои зборуваат мирно со своите ближни, а во срцето им е злоба.

4. Дај им според нивните дела и според нечесноста на нивните постапки! Плати им според делата на нивните раце, врати им според нивните заслуги!

5. Зашто тие не внимаваат на Господовите дејства, ниту на делата на Неговите раце: нека ги разурне и повеќе нема да ги изгради!

6. Благословен да е Господ, зашто го послуша гласот на моите молитви!

7. Господ ми е сила, Тој е мој штит; моето срце се надеваше на Него и Тој ми помогна; затоа ми се весели срцето и со песни ќе Го славам.

8. Господ е сила на Својот народ, тврдина на спасението за Својот помазаник.

Прочитајте целосна глава Псалми 28