Стар Завет

Нов Завет

Псалми 26:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Суди ме, Господи, зашто одев во својата невиност; и се надевам на Господа и нема да се поколебам.

2. Испитај ме, Господи, и искушај ме, испитај ми ги бубрезите и срцето.

3. Зашто Твојата милост е пред моите очи, и одам во Твојата вистина.

4. Јас не седам со нечесни луѓе и не се навраќам кај подмолните.

5. Го мразам друштвото на злосторниците и не седнувам со безбожниците.

Прочитајте целосна глава Псалми 26