Стар Завет

Нов Завет

Псалми 25:12-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Кој е човекот, кој се бои од Господа? Него, Тој ќе го поучи кој пат да избере.

13. Неговата душа ќе живее спокојно, а неговото семе ќе ја наследи земјата.

14. Господ е близу до оние, кои се бојат од Него, и ќе им го покаже Својот Завет.

15. Моите очи се насочени секогаш кон Господа, зашто Тој ги извлекува моите нозе од мрежата.

16. Погледај ме и смилувај ми се, зашто сум осамен и натажен.

17. Тагите ма моето срце, се умножени, избави ме од моите јадови!

18. Види ги мојата неволја и мака и прости ми ги сите гревови.

19. Погледај ги моите врагови: колку се многу и со каква жестока омраза ме мразат.

20. Чувај ја мојата душа и спаси ме: не оставај да се засрамам, зашто се надевам на Тебе.

21. Невиноста и чесноста нека ме пазат, зашто се надевам на Тебе!

22. Господи, избави го Израел, од сите негови беди.

Прочитајте целосна глава Псалми 25