Стар Завет

Нов Завет

Псалми 25:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Кон Тебе, Господи, ја подигам мојата душа.

2. На Тебе се надевам, Боже мој; не оставај да се засрамам, за да не се веселат над мене, моите непријатели.

3. Навистина, нема да се засрамат оние, кои се надеваат на Тебе; ќе се засрамат оние, кои изневеруваат без причина.

4. Покажи ми ги, Господи, Твоите патишта, научи ме на Твоите патеки!

5. Води ме во Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден.

Прочитајте целосна глава Псалми 25