Стар Завет

Нов Завет

Псалми 23:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидов псалм. Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува,

2. На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води - ме води.

3. Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име.

4. Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат.

5. Приготвуваш трпеза пред мене, пред погледот на моите непријатели. Ја помаза мојата глава со масло, мојата чаша се прелева.

6. Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш.

Прочитајте целосна глава Псалми 23