Стар Завет

Нов Завет

Псалми 19:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За пејачкиот началник. Давидов псалм. Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце.

2. Денот на ден му го објавува тоа, а ноќта на ноќ и соопштува.

3. Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас.

4. Нивната вест се рашири по целата земја, а нивните зборови до крајот на вселената. Таму, за сонцето Тој оптегнува шатор,

5. кое излегува како младоженец од својата ложница, се радува како јунак кога ја претрчува патеката.

6. Излегува од небесниот крај и обиколува до крајот; и ништо не се крие од неговата топлина.

7. Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот;

8. Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед е светла - ги просветлува очите;

9. Стравот од Господа е чист - останува довека; Господовите судови се вистински - сите се еднакво праведни;

Прочитајте целосна глава Псалми 19