Стар Завет

Нов Завет

Псалми 18:15-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. тогаш се покажаа морските дна, основите на вселената се открија, од Твојата закана, Господи, од дувањето на здивот на Твојот гнев.

16. Ја испружи Својата рака од небото и ме подзеде, ме извлече од големи води.

17. Ме избави од силниот непријател, од оние што ме мразеа, зашто беа посилни од мене.

18. Станаа против мене во денот на мојата неволја, но Господ ми стана поткрепа.

19. Ме изведе на широко место, ме избави зашто му бев мил.

20. Господ ми даде според мојата праведност; ме награди според чистотата на моите раце;

21. зашто ги запазив Господовите патишта и не се оддалечив од својот Бог.

22. Сите Негови закони се пред мене, не ги отфрлив Неговите заповеди,

23. бев непорочен пред Него и се чував од своето беззаконие.

24. Затоа Господ ми врати според мојата правда, според чистотата на моите раце пред Неговите очи.

Прочитајте целосна глава Псалми 18