Стар Завет

Нов Завет

Псалми 18:14-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Ги прати своите стрели и ги распрсна, и ги расфрли секавиците;

15. тогаш се покажаа морските дна, основите на вселената се открија, од Твојата закана, Господи, од дувањето на здивот на Твојот гнев.

16. Ја испружи Својата рака од небото и ме подзеде, ме извлече од големи води.

17. Ме избави од силниот непријател, од оние што ме мразеа, зашто беа посилни од мене.

18. Станаа против мене во денот на мојата неволја, но Господ ми стана поткрепа.

19. Ме изведе на широко место, ме избави зашто му бев мил.

20. Господ ми даде според мојата праведност; ме награди според чистотата на моите раце;

21. зашто ги запазив Господовите патишта и не се оддалечив од својот Бог.

22. Сите Негови закони се пред мене, не ги отфрлив Неговите заповеди,

23. бев непорочен пред Него и се чував од своето беззаконие.

24. Затоа Господ ми врати според мојата правда, според чистотата на моите раце пред Неговите очи.

25. Со милостивиот, Ти си милостив, на чесниот со чесност му враќаш;

26. со чистиот Ти си чист, а со развратниот Ти си спротивен од него;

27. зашто Ти ги спасуваш нажалените луѓе, а ги понизуваш гордите очи.

28. Ти ја запалуваш мојата светлина, Господи мој Боже, Ти ја осветлуваш мојата темнина:

29. Зашто преку Тебе го разбивам полкот, со мојот Бог прескокнувам преку ѕид.

30. Божјиот пат е совршен; Божјото слово е испитано. Тој е штит на сите, кои се надеваат на Него.

31. Зашто кој е Бог освен Господ? кој е Карпа освен нашиот Бог?

32. Бог, кој ме препашува со сила и го прави совршен мојот пат;

Прочитајте целосна глава Псалми 18