Стар Завет

Нов Завет

Псалми 17:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Го затворија своето срце и со устата зборуваат гордо.

11. Нивните чекори сега ме опкружуваат; сакаат да ме кутнат на земја.

12. Тие се како лав што сака да раскине и како лавче што дебне потајно.

13. Стани, Господи, пресретни го и кутни го, со Својот меч спаси го мојот живот од нечесниот,

14. а со Својата рака, Господи, од луѓето, од луѓето на овој свет, чиј дел е овој живот; чиј желудник го полниш со Своите богатства, така што и нивните синови ќе бидат сити, а остатокот ќе им остане на нивните внуци.

15. А јас ќе го гледам Твоето лице во правда, и еднаш кога ќе се разбудам, ќе се наситам од Твојот изглед.

Прочитајте целосна глава Псалми 17