Стар Завет

Нов Завет

Псалми 149:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките!

5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели!

6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни,

7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата;

8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови;

9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд - нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја!

Прочитајте целосна глава Псалми 149