Стар Завет

Нов Завет

Псалми 149:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала!

2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар!

3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир!

4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките!

5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели!

Прочитајте целосна глава Псалми 149