Стар Завет

Нов Завет

Псалми 147:14-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тој им даде мир на твоите граници, те храни со најдобра пченица.

15. Својата заповед ја праќа на земјата, Неговото слово трча многу брзо.

16. Го расфрла снегот како волна, распрснува слана како пепел.

17. Тој истура град како залаци, кој може да устои пред Неговите студови.

18. Го испраќа Својот збор, и ги растопува, дувнува со ветер, и водите истечуваат.

19. Своето Слово му го објави на Јакова, своите повелби и закони на Израел.

20. Не постапи така со ниеден друг народ, своите наредби на ниеден не му ги објави. Алилуја!

Прочитајте целосна глава Псалми 147