Стар Завет

Нов Завет

Псалми 147:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Алилуја! Фалете Го Господа, зашто е добар, пејте Му на нашиот Бог, зашто е благ; Тој е достоен за секаква пофалба.

2. Господ го гради Ерусалим, ги собира распрснатите Израелци.

3. Тој ги исцелува оние што се со скршено срце и ги преврзува нивните рани.

4. Тој го одредува бројот на ѕвездите, секоја ја наречува со нејзиното име.

5. Нашиот Бог е велик и Сèсилен, нема мерка за Неговата мудрост.

6. Господ ги поткрепува понизните, злосторниците ги понизува до земјата.

7. Пејте Му на Господа благодарна песна, свирете Му на псалтир на нашиот Бог!

8. Ги покрива небесата со облаци и и подготвува дожд на земјата; прави да расте трева по горите.

9. Тој му дава храна на добитокот, и на младите гаврани кога гракаат.

10. Тој не се грижи за коњската сила, ниту Му се мили човековите нозе.

Прочитајте целосна глава Псалми 147