Стар Завет

Нов Завет

Псалми 146:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Ќе Го фалам Господа додека сум жив, додека ме биде, ќе Му пеам на мојот Бог.

3. Не надевајте се на кнезовите, ниту во човечки син, од кого нема спасение!

4. Ако излезе духот од него, тој се враќа во својата земја, и во тој ден пропаѓаат сите негови мисли.

5. Блажен е оној, кому му е помошник: Јакововиот Бог, чија надеж е во Господа, неговиот Бог,

6. Кој ги создаде: небото и земјата, морето и сè што е во нив; Кој останува верен довека.

Прочитајте целосна глава Псалми 146