Стар Завет

Нов Завет

Псалми 146:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Алилуја! Моја душо, фали Го Господа!

2. Ќе Го фалам Господа додека сум жив, додека ме биде, ќе Му пеам на мојот Бог.

3. Не надевајте се на кнезовите, ниту во човечки син, од кого нема спасение!

4. Ако излезе духот од него, тој се враќа во својата земја, и во тој ден пропаѓаат сите негови мисли.

5. Блажен е оној, кому му е помошник: Јакововиот Бог, чија надеж е во Господа, неговиот Бог,

6. Кој ги создаде: небото и земјата, морето и сè што е во нив; Кој останува верен довека.

7. На угнетените им враќа правда, а на гладните им дава леб. Господ ги ослободува врзаните.

8. Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа наведнатите, Господ ги љуби праведните.

9. Господ ги заштитува туѓинците, ги поткрепува сираците и вдовиците, а на грешниците им ги метка патиштата.

10. Господ ќе царува довека, твојот Бог, Сионе, од колено до колено. Алилуја!

Прочитајте целосна глава Псалми 146