Стар Завет

Нов Завет

Псалми 145:8-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив.

9. Господ е благ за сите, милостив за сите Свои дела.

10. Нека Те слават, Господе, сите Твои дела, и твоите свети нека Те благословуваат!

11. Нека зборуваат за славата на Твоето Царство, нека говорат за Твојата сила.

12. Да ги објават на човечките деца: Твојата сила и славата на Твоето прекрасно Царство.

13. Твоето царство е вечно Царство, Твоето владеење за сите поколенија.

14. Господ ги поткрепува сите кои паѓаат и Тој ги исправа наведнатите.

15. Очите на сите се свртени кон Тебе, Ти им даваш храна во право време.

16. Ти ја отвораш Твојата рака, и наситуваш желбата на сè живо.

17. Праведен Си, Господи, на сите Твои патишта, и добар Си во сите Твои дела.

18. Господ е близу до сите кои Го повикуваат, до сите што Го призиваат искрено.

19. Тој ги исполнува желбите на оние кои се бојат од Него, ги слуша нивните повици и ги спасува.

Прочитајте целосна глава Псалми 145