Стар Завет

Нов Завет

Псалми 143:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Си спомнувам за минатите дни, размислувам за сите Твои дела; размислувам за делата на Твоите раце.

6. Ги пружам своите раце кон Тебе, мојата душа, како сува земја, жеднее по Тебе.

7. Послушај ме поскоро, о Господи, мојот дух изнемоштува! Не криј го Своето лице пред мене, за да не станам како оние што слегуваат во гробовите.

8. Соопшти ми ја наутро Твојата милост, зашто се надевам на Тебе. Покажи ми го патот по кој да тргнам, зашто ја вознесувам душата кон Тебе.

9. Избави ме, Господи, од моите непријатели, јас прибегнувам кон Тебе.

10. Научи ме да ја исполнувам Твојата волја, зашто Ти си мој Бог. Твојот благ Дух нека ме води по рамен пат!

11. Заради Твоето име, Господи, оживи ме, заради Твојата справедливост изведи ми ја душата од тешкотија!

12. Според Твојата милост, сотри ги моите непријатели, погуби ги моите угнетувачите на мојата душа, зашто јас сум Твој слуга.

Прочитајте целосна глава Псалми 143